Kамерон ќе биде сменет од премиерската функција без оглед на исходот од референдумот

Овен Патерсон, поранешен британски министер од редовите на британската владејачка Kонзервативна партија, алудира дека мнозинството во партијата, кое е за излез на Британија од ЕУ, ќе се обиде да го отстрани Дејвид Kамерон, кој е лидер на истата партија, од премиерската функција по референдумот, без разлика на резултатите, пишува британски „Експрес”.

Патерсон го спореди британскиот премиер со кралот Чарлс Први, кој бил обезглавен затоа што не го слушал британскиот народ, предупредувајќи дека духот не може да се врати во ламбата, мислејќи притоа на брегзит.
Тој истакна дека ако гласачите ги поддржат оние што се за останување во ЕУ, Британија ќе стане колонија на Европа. Патерсон ги нападна премиерот и начинот на кој тој ги користи владините извори за да се бори за останување во ЕУ, вклучително и оние девет милиони фунти потрошени на пропагандниот материјал, кој наиде на големо исмејување. Патерсон нагласи дека духот не може да се врати во ламбата ако на 23 јуни има блага победа за оние што се за останување и дека оние што го поддржале останувањето во ЕУ ќе се соочат со налепници на автомобилите од милиони што сакале излез.
– Досега напуштањето на ЕУ се гледаше како заштитник на лудаците, настраните и чудните членови на десното крило на Kонзервативната партија. Ако е толку блиску, мислам дека ќе победиме. Милиони луѓе од десницата од сите класи и занимање ќе заклучат дека сакаат да ја напуштат ЕУ. Kолку подалеку одите од Лондон, толку посилно е чувството. Добивам чувство дека е како во граѓанската војна кога Чарлс Први целосно изгубил допир со она што се случувало во окрузите – истакна Патерсон, кој не сакаше да негира дека Kамерон би бил заменет од поддржувач на брегзит.
Неговите коментари следуваа кога двајцата фаворити на обложувачот за преземање на функцијата од Kамерон – министерот за правда Мајкл Гоув и градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон – предупредија дека Британија може да биде преплавена од имигранти ако не гласа за напуштање на Унијата.
Џонсон ги предупреди оние што се за останување во ЕУ да не се фалат прерано дека оние што се за напуштање се потчинети.
– Премиерот побара реформирање од ЕУ и не доби ништо. Договорот покажува колку невнимателно ќе бидеме третирани ако останеме во Унијата – посочи Џонсон.
Поранешниот министер за труд и пензии, Јан Данкан Смит, истакна дека имиграцијата е надвор од контрола и дека платите и приходите на посиромашните луѓе се со оштетени од граѓаните на ЕУ што одат во Британија.

Останати вести