Камион со приколка оштети тунел во Сиднеј

Камионот на кој во возење, му била подигната една од приколките, заглави за горниот дел на тунелот на автопатот М5 во Сиднеј и предизвика голема штета и застој во сообраќајот

 

Безбедносните камери го забележале моментот на судирот, каков што ретко се гледа.
Камионот на кој во возење му била подигната приколката за да ги заштеди гумите, се заглави, после 40 метри поминати, за горниот дел на тунелот во Сиднеј, и предизвика голема штета и застој во сообраќајот.
Сообраќајот е нормализиран дури откако целиот тунел бил исчистен од материјалите кои паднале од камионот. Возачот на камионот поминал без повреда, а министерот за сообраќај рече дека целата штета ќе мора да се наплати од компанијата за која работел возачот на камионот и во чија сопственост бил камионот.

Останати вести