Канадски туристи уапсени со кокаин вреден 30 милиони долари

Две девојки и еден маж, државјани на Канада се уапсени во Австралија за шверц на дрога додека крстосувале со брод.
Најден е приближно 95 килограми кокаин, спакуван во пакети во нивните куфери, изјави Федералната полиција во Австралија. 

Полицијата ги уапсила Изабеле Лагаце (28), Мелина Роберге (23) и Андре Тармине (63), сите од Квебек.
Двете девојки седум недели патувале заедно на бродот „Си Принцес”, и многу добро го документирале својот одмор на Интернет. Тие биле уапсени на 51-от ден од нивното 68- дневно крстосување.
Според полицијата, проценетата вредност на кокаинот е околу 30,5 милиони австралиски долари, досега најголемата заплена на дрога од брод во Австралија.
Претходно веќе се водела заедничка истрага помеѓу канадската Агенцијата за гранични премини и Министерството за внатрешна безбедност на САД и властите биле подготвени за пребарување на крстосувачот, кога пристигнал во Сиднеј.

Останати вести