Зарем Путин е поважен од нас? Канбера е бесна на израелскиот претседател

Австралиските власти се бесни поради тоа што израелскиот претседател Рејвен Ривлин ја откажал посетата на Канбера, затоа што во ме­ѓу­вре­ме „испаднало” дека треба да патува за Москва и да се состане со Владимир Путин. 

Официјална Канбера го оцени откажувањето на посетата како „јавно понижување” на Австралија. Властите од Канбера истакнуваат дека Австралија е еден од најголемите сојузници на Израел, додека пак „Русите тешко може да се каже дека дури се и пријатели на Израел”.
Западните медиуми пренесуваат дека некои претставници на австралиските власти веќе се откажале од планираниот разговор со претседателот на Израел кој сакал да се извини поради откажувањето на посетата.
Притоа, во Австралија нагласуваат дека по инсистирање на Ерусалим требало да се случи средбата. Меѓутоа, како што објасниле Израелците, нивниот претседател морал да ја откаже посетата на Австралија и да замине во Русија поради препораката која што ја добил од израелскиот воен врв.
Израелската војска смета дека контактите со Москва во актуелната ситуација и при активната улога на Русија во случувањата на Блискиот исток се од исклучителна важност. Кабинетот на израелскиот претседател тврди дека тој планира овој месец да ја посети Русија и дека се надева дека ќе се состане со Владимир Путин.

Останати вести