Канбера ја легализира марихуаната за лична употреба

Главниот град на Австралија, Канбера, е првиот во земјата што ја легализира марихуаната за лична употреба. Законодавното собрание на градот изгласа дека заклучно со 31 јануари следната година, возрасните можат да поседуваат и до 50 грама сушена марихуана и да одгледуваат две растенија марихуана.

Во Канбера живеат околу 400.000 луѓе. Поседувањето мали количини марихуана е декриминализирано низ цела Австралија, но австралиската престолнина е прва од осум држави и територии што го легализира поседувањето и одгледувањето марихуана. Пациентите во Австралија можат да користат марихуана за медицински цели со рецепт од лекар од 2017 година.

Останати вести