Македонските каратисти со десет медали се вратија од Франција

Во Париз нашите спортисти освоија четири златни, четири сребрени и два бронзени медали во конкуренција на 80 натпреварувачи од 12 држави. 

Најуспешни беа Јадранка Недева која во фукуго сениорки го освои златниот медал и Мила Саздова која во кадетска конкуренција освои три златни медали во кати, фукуго и енбу заедно со Огнен Тасевски кој освои уште сребрен медал во кати и бронзен медал во фукуго.
Берта Милевска во кадетска конкуренција освои сребрен медал во фукуго и бронзен во кати и енбу, а Јелена Дробник се закити со бронзен медал во фукуго кадетки.

Останати вести