Кардиналот педофил, би можел да добие помилување

Федералниот суд на Австралија отвори расправа за случајот на поранешниот благајник на Ватикан, кардиналот Џорџ Пел, со опција за промена на пресудата за сексуален напад врз две момчиња во 90-тите години, кога тој бил надбискуп на Мелбурн.

Кардиналот Пел започна да ја издржува казната затвор во траење од шест години пред една година, кога стана највисоко рангиран католички свештеник во светот, осуден за сексуална злоупотреба на деца.
Со оглед на протоколите на правосудниот систем, тој за време на дводневното рочиште нема да се појави лично, дури ниту преку видео врска, пред седумтемина судии на австралискиот Висок суд.
Судот во Викторија го осуди Пел во декември 2018 година под обвинение за сексуално дело со дете под 16-годишна возраст и за четири обвиненија за несоодветно дело кон дете под 16-годишна возраст. Тој беше осуден во март минатата година.
Поранешниот кардинал поднесе жалба до Високиот суд по пресудата на понискиот апелационен суд во Викторија минатиот август.
Високиот суд би можел да го укине случајот, да го ослободи Пел, да ја одбие жалбата или да го врати случајот до Апелациониот суд во Викторија. Доколку судот одлучи против отфрлање на жалбата и го повтори целиот случај, пресудата веројатно би можела да се донесе за неколку месеци.
Расправата започна минатава седмица со докази од одбраната на Пел.
Адвокатот на Пел, Брет Вокер, пред судот изјави дека клучен фактор е дека не е можно наводните напади на Пел да се случиле по неделната миса во просторот на катедралата Свети Павле, исполнет со луѓе, а не во тајни или приватни простории.
Интересно во случајот Пел е тоа што судот во Австралија ги осуди и најголемите медиуми кои известуваа од судењето на кардиналот- педофил.

Останати вести