Кардиналот Пел се врати во Рим

Поранешниот ватикански благајник Џорџ Пел отпатува во Рим, првпат откога е ослободен од обвиненијата за сексуално злоставување деца во Австралија, потврди гласноговоничката на католичката црква во понеделникот.

Пел го напуштил Рим во јули 2017 година за да се соочи со обвиненијата за сексуално злоставување на малолетници на крај на 1990 година.
Осуден е во декември 2018 година и одслужи нешто повеќе од една година затвор пред Високиот суд од Квинсленд да ја поништи пресудата во април.
По излегувањето од затвор 79-годишниот кардинал живееше половина година во Сиднеј.
„Секогаш имал намера да се врати во Рим” – вели Катарина Ли, негова блиска пријателка која е извршна советничка на надбискупите во Сиднеј.
Го потврдила и извештајот во весникот Хералд Сан во кој се вели дека Пел одлетал за Рим, но не знае за колкав период оди и која е целта на патувањето.
Кога во 2017 година Пел го напушти Рим беше раководител на ватиканскиот Секретеријат за економија, задолжен за финансиска реформа, кој работел на чистење на големи Црковни финансии и отстранување на злоупотребите.
Неговиот пат во Рим се случува неколку денови откога моќниот ватикански кардинал Giovanni Becciu поднесе оставка, по обвиненијата на папата Франциско за проневера и непотизам.
Пел и Becciu претходно се судриле околу финансиите во Ватикан.
Во изјавата испратена до Католичката новинска агенција на 26 септември, Пел вели: „Светиот Отец е одбран да ги исчисти ватиканските финансии. Играл долга игра и треба да му се заблагодариме и да му честитаме на неодамнешните случувања. Се надевам дека чистењето ќе продолжи во Ватикан и во Викторија” – вели Пел.

Останати вести