Овации за македонската филхармонија и Дуке Бојаџиев во „Карнеги Хол“

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија заедно со солистот Дуке Бојаџиев настапи во престижниот „Карнеги хол” во Њујорк, кој има 125-годишна традиција и во кој редовно настапуваат најголемите музички имиња на денешницата.

Македонската музика наиде на одличен прием кај американската публика со долготрајни овации. – Целиот концерт беше на македонски, среде Њујорк во „Карнеги хол”. И имав доста пријатели не-Македонци, половина од публиката беа од Њујорк или од светот, но беа сериозно воодушевени, особено луѓе што воопшто не слушнале за македонска музика. Ова им беше како еден огромен душевен удар, бидејќи сите беа огреани кога излегоа и ми пријдоа по концертот, изјави композиторот и пијанист Бојаџиев, кој работи во Њујорк. Американската публика слушна музика изведувана на македонски јазик, како „Зајди Зајди”, изведена и на традиционални музички инструменти. Ова беше вториот концерт на камерниот оркестар на Македонската филхармонија во Њујорк во два дена, по настапот во музичкиот центар „Кауфман”.

Останати вести