Карнли ФК – Престон Лајонс Македонија 0:4

Прва државна лига на Викторија северо–запад, 9 коло
Лавовите на гостувањето кај Карнли извојуваа висока победа од 0–4.

Играч на средбата е Климент Димитриевски кој постигна хеттрик, во 5, 54 и 63 минута. Четвртиот гол за Престон Македонија го постигна Јаја Дисаси на петнаесет минути пред крајот од натпреварот.
После заминувањето на Дани Баракат во Вардар, се покажа дека младиот Климент е одлично решение.
Играчот во средниот ред Александар Мирчевски, кој доаѓа од Македонија, имаше свој прв натпревар прекминатата недела за резервниот тим на клубот и покажува потенцијал кој сигурно ќе биде валоризиран во вториот дел од првенството.
Во недела, на 5 јуни, Престон Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Банјул Сити со почеток во 15 часот.

Останати вести