Кауција за директорката која силувала девојчиња во интернат

Израелскиот суд одобри ослободување со кауција за Малка Лејфер, поранешна директорка на училиште во Мелбурн, која Австралија ја бара за 74 обвиненија за силување деца.

Ова е нов пресврт на правната сага што трае веќе пет години, откако Австралија бара екстрадиција на Лејфер во 2014 година. Но, целиот процес беше одложен, со тоа што Лејфер прво беше во домашен притвор и беше уапсена минатата година, откако полицијата ја обвини дека делува психички лошо. Покрај тоа, психијатрите кои спроведоа проценка на нејзината состојба се сменија неколку пати, наводно под притисок на израелскиот заменик министер. Судот сега и одреди кауција на Лејфер, а обвинителството може да ја обжали оваа одлука до петок.
Мани Вакс, основач на Здружението „Кол В’Оз”, кој се бори против сексуалната злоупотреба на децата, рече дека одлуката е „апсолутна пародија за продолжување на срамот на државата Израел”.
„Ако Лејфер навистина не е добро, треба да ја задржиме во болница или затвор каде може да биде соодветно згрижена додека не биде одобрена екстрадицијата во Австралија”, рече тој. Австралиецот Даси Ерлих, еден од луѓето што ја обвини Лејфер за злоупотреба, рече дека оваа судска одлука е „огромно предавство на правдата”. И нејзината сестра Никол Мејер, која исто така тврди дека Лејфер ја злоупотребувала, изјавила дека израелската држава и наштетила.
Адвокатот на Лејфер ги негираше сите обвиненија против нејзиниот клиент, која го напуштикла Израел во 2000 година и отишла во Мелбурн, каде што била директор на ултра-ортодоксната еврејска школа за девојчиња. Таа се врати во Израел во 2008 година, откако беше обвинета за злоупотребување на женски студенти. Случајот со Лејфер, кој е израелски државјанин, отвори голем број прашања во врска со неправилностите во системот, т.е. дали е ментално добра за да и се суди или да биде екстрадирана. Минатата година беше објавено видео од приватен иследник на кое се гледа дека Лејфер живее нормален и здрав живот. Израелската полиција тогаш ја уапси повторно под сомнение за попречување на правдата. Израелскиот заменик министер за здравство Јааков Лицман, кој ја предводи ултра-ортодоксната партија, е обвинет за попречување на правдата за време на проценките за нејзиното ментално здравје. Израелските медиуми објавија дека тој извршил притисок врз лекарите да ги фалсификуваат сведоците – психијатри, за да ја претстават Лејфер непогодна за судење.
Но, канцеларијата на Лицман ги негира овие обвинувања. Само пред неколку денот израелскиот суд објави дека Лејфер е подготвена за судење, за наеднаш се да се смени.

Останати вести