Поранешниот австралиски тенисер Пет Кеш дели совети како да се совлада Новак. Тој во екот на Вимбалдон, упати отворен совет кон сите тенисери кои ќе излагаат на мегдан со Ѓоковиќ како да го совладаат…
„Клучот е во тоа да го нападнете рано и да се обидете да освоите поен пред да се развие размената. Многу е важно да бидете агресивни од почетокот.
Бидејќи сервисот, поддржан со снажни удари од поле и волјата да се нападне се најважни за да се спречи Ѓоковиќ да го развие својот ритам”, објаснува Кеш, а пренесува „Тајмс”
Но, тоа не е се, Кеш приметил уште еден детал, каде Ѓоковиќ би можел да потклекне.
„Морате да имате силен и агресивен ритам на сервисот на Новак. Да го терате уште со првиот удар во размената да биде во движење и особено е важно да се нападне неговиот втор сервис”, додаде Австралијанецот, со напомена дека и волеј ударите се слабост на Ѓоковиќ.