Кевин Рад се збогува со политиката

Малкумина очекуваа дека после поразот на изборите, кога даде оставка од лидерската позиција, Рад ќе замине од политиката само два месеци подоцна. Многумина од неговата партија бараа тој уште веднаш да си замине од партијата за да може да започне со чист лист новото раководство.

Кевин Рад беше политичар кој многу ветуваше на почетокот, но исполни малку и беше генератор на хаос. Од херој и месија кој успеа да го порази Џон Хауард, на крајот тој заврши како нарцис и деструктивна личност што постојано, три години, ја дестабилизираше Џулија Гилард за да се врати на чело на партијата. Сегашниот лидер Бил Шортен ќе дише послободно и може веќе да ги залечи фракциите кои се повеќе од очигледни во лабуристичката партија на оние што го поддржувале едниот или другиот лидер во внатрешните преврати. Оваа вест е добра и за Австралија бидејќи лабуристичката опозиција ќе може во наредниве години да започне процес на обнова и да парира подобро на коалиционата власт на Тони Абот.

Останати вести