Страшна животна приказна: Австралијка киднапирана во Египет и принудена да се омажи за роднина во Сирија

Кога имала 13 години, Ранија Фарах била одведена од нејзиниот татко и брат на патување во Египет. Потоа ја одвеле во Дамаск и ја присилиле да се омажи за свој роднина. Сепак, таа побегнала…

 

Австралијката Ранија Фарах имала само 13 години кога семејството на нејзиниот татко ја мачело и принудило на брак со постар роднина од Сирија. Агонијата траела пет години, а се почнало кога заминала на патување во Египет, каде што силно посакувала да ги види пирамидите.

Ранија за Channel Nine раскажала дека планирала да изврши самоубиство доколку не успее да побегне до 18-oт роденден.

Ја омажиле за човек кого никогаш не го видела – Ќерката на Сириец и Австралијка била принудена да се омажи за роднина кого никогаш порано не го видела. Била киднапирана во Египет и одведена во Дамаск, каде што била претепана. Нејзината мајка, која го напуштила својот сопруг пред 20 години поради насилно однесување, знаела за киднапирањето, но во телефонски разговор ја убедувала дека не може да си дозволи да ја врати во Австралија.

По пристигнувањето во Дамаск, Ранија била тестирана дали е невина, бидејќи нејзиниот татко сметал дека била под лошо влијание. Таа во 7-то одделение почнала да пуши цигари и да разговара со момчиња. Иако тестовите покажале дека е невина, нејзините татко и брат ја претепале.

Додека била заробена, живеела според правилата на семејството во Сирија, но цело време планирала бегство во Австралија. Посетувала и исламско училиште каде што учела арапски јазик.

“Правев се’ што бараа од мене, се молев и постев за Рамазан”, рекла таа.

Ранија се омажила за човек кој имал 30-тина години. Никогаш не разговарала со него, ниту го погледнала во очи. Имале и свршувачка забава.

Во бегството и помогнал соседот и амбасадата – Сепак, со помошта на соседот кој бил нејзин врсник, успеала да ја контактира австралиската амбасада. Со оглед на тоа дека наполнила 18 години, била полнолетна и можеле да и дадат законска помош. И кажале да оди во хотелот “Four Seasons”, каде што ќе ја чека жена. Таа вечер избегала од куќата по молитвата и со такси отишла во хотелот.

Таа таму се нашла со жената, па заедно со двајца телохранители дошла до јорданската граница каде што ја испрашале и’ и дозволиле да се врати во Австралија. Рекла дека не разговарала со своето семејство за време на престојот во Сирија. Се’ уште живее во страв дека ќе ја пронајде нејзиниот татко, па побарала забрана за пристап.

Останати вести