Кикс ја започна својата кариера

Во Мемориал Хол во Епинг. минатиов петок, на 7 ноември, во Мелбурн јавноста имаше можност да го види Кристијан Деловски – КИКС во живо.

Овој австралиско – македонски комичар стекна популарност преку социјалните мрежи на интернет, на кои се вртат неговите кратки сатирични видеа.
Кристијан има голем број фанови ширум светот а најчеста тема му се генерациските разлики на Македонците во Австралија и нашата посебност како заедница.
Во соработка со Беби Зекировски, кој е продуцент на овој “стенд ап” настап, и Омер Зекировски како режисер, беа снимени и неколку видео клипови кои имаа своја ексклузивна проекција. Најавено е дека покрај Мелбурн вакви настапи ќе има во Сиднеј и Канбера, за кои ќе известиме.

Останати вести