Жената била измамена да го убие полубратот на Ким Јонг-ун

Жената осомничена за вмешаност во атентатот врз братот на Ким Јонг Ун била убедена дека се работи за шега во рамки на некое реално шоу, за што, наводно, и’ биле понудени само 100 долари за нападот врз Ким Јонг Нам.

Откако полицијата во Малезија уапси и трето лице вмешано во атентатот, се откри дека двете жени и четворицата мажи воопшто не се познавале еден со друг пред нападот.
Според британскиот „Телеграф”, малезиски разузнавачки извори утврдиле дека шесте осомничени живееле во Куала Лумпур и дека биле регрутирани од агент на некоја тајна служба.
Дин Ти Хуонг (28) од Нам Дин, Виетнам, беше уапсена во средата на аеродромот каде што бил нападнат Ким Јонг Нам.
Сити Аиша, од индонезиска националност, била притворена во четвртокот.
Третото лице, за кое се докажа дека е момче на Ајша и дека не бил вмешан во случајот, исто така е притворен, обезбедил детали за апсење на неговата девојка, објави „Телеграф”.
Цитирајќи индонезиски вести, новинскиот сајт „Kumpuran”, објави дека Ајша била контактирана во ноќниот клуб, каде што работела во малезискиот главен град, и и’ биле понудени 100 долари за да земе учество во заговорот.
Но, како и првата осомничена Дин, и таа и’ изјавила на полицијата дека верувала дека се работи за некаква шега и дека дури и не знае кој навистина бил Ким Јонг Нам. Но тоа допрва треба да се потврди.
Според сајтот, Сити исто така, мислела дека другите инволвирани биле дел од филмска екипа која снимала реално ТВ-шоу.
Истрагата покажа дека Ким Јонг Нам починал од нападот со отров.
Една од жените зачекорила пред него за да му го одвлече вниманието додека другата му пришла од зад грб, со раката на која имала црна ракавица го зграпчила за врат и со другата го испрскала во лице со спреј, „Њу стрејтс тајмс”.
Ким Јонг Нам веднаш побарал помош на Клиниката за аеродромот, но починал на пат кон болница.
Жената напаѓач била „фатена” на снимка од камерите за надзор во терминал за заминувањето на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур во понеделникот наутро.

Останати вести