Сите мислат дека Ким се променил, но еве што се крие зад укинувањето на нуклеарните тестови!

Научниците тврдат дека планината под која Северна Кореја изведува нуклеарни тестови се урнала и дека тоа е вистинската причина поради која Ким го сопрел нуклеарниот програм.

Повикувајќи се на две независни групи научници, кинеските медиуми наведуваат дека планината Мантапсан, на полигонот за тестирање во Пунгјери, на северот на земјата, се урнала и распаднала на фрагменти уште во септември минатата година, по минатогодишниот тест. Со самото тоа, радиоактивните честички сега можат да продрат низ пукнатините и да ги загрозат соседните земји.
Кина верува дека колапсот по пет нуклеарни тестови е вистинската причина што севернокорејскиот диктатор објавил дека неодредено ќе ги сопре нуклеарните и ракетните тестови. Пред планираниот состанок со Јужна Кореја и САД, Ким најавил дека го сопира нуклеарните и ракетните тестови и дека преку дијалог со меѓународната заедница сака да обезбеди мир и економски раст.
Кина верува дека колапсот му нанел силен удар на севернокорејскиот нуклеарен програм и дека поради меѓународните економски санкции и недостиг на средства, тоа може да значи и дефинитивен крај на програмот.
Кинескиот тим од научници верува дека системот колабирал на 3. септември 2017. година, кога нуклеарна боева глава експлодирала во тунел на длабочина од 700 метри.
Топлината на бомбата тешка 100 килотони предизвикала топење на карпите и направила дупка со дијаметар од 200 метри, која под влијание на ударните бранови „проголтала” дел од планината. Лидерот на научниот тим, геологот Вен Лијанстинг, дошол до тој заклучок откако ги анализирал сателитските снимки и податоците на повеќе од 2.000 станици за сеизмички мерења.
Послабите потреси, кои уследиле по рушењето, докажуваат дека пробниот терен ја изгубил геолошката стабилност, велат научниците.
Кина е оддалечена на само 70 километри и стравува од радиоактивно загадува­ње. Покрај тоа, при рушењето на земјиштето создаден е некој вид на камин, преку кој радиоактивниот материјал може да излезе.
Кина побарала од Северна Кореја да прими тим од меѓународни експерти да го прегледа теренот.

Останати вести