Јапонија најавила планови за зголемување на воените активности во југоисточна Азија заедно со своите сојузници за да се намали кинеската доминација во околината на оспоруваните острови во источна Кина и Јужното кинеско море, што вклучува поцврсто поврзување со американската морнарици.
Тензиите во регионот пораснаа откако Пекинг покажа аспирации кон присвојување на островите Сенкаку со кои моментално управува Јапонија.
Исто така, делови од Источното кинеско море кои му припаѓаат на Тајван, Кина ги смета за своја територија, пренесува.
Постојат повеќе од 750 мали острови, корални острови и гребени кои лежат околу бреговите на Виетнам, Филипините, Тајван, Малезија, Брунеј и Кина, околу кои овие држави се спорат и за кои секоја од овие држави има свое име.
Бидејќи тензиите растат, морнарицата на САД продолжува со вежбите и распоредувањето на воените бродови и морнаричката авијација во околината на оспоруваните територии. Како причина за овие активности Американците го наведуваат обезбедувањето на принципите за слободна пловидба во меѓународните води.
Пекинг воените вежби на САД ги нарекол провокација и ѝ се закани на Јапонија дека доколку ја мине “црвената линија” и заплови со американската морнарица во спорните води, ќе следи остар одговор.
И покрај кинеските закани, новиот јапонски министер за обрана, Томоми Инада, ветил дека јапонската морнарица ќе плови со американската.
Тој го обвинил Пекинг за намерно загрозување на безбедноста во територијата околу островите Сенкаку, односно Џаоују, како што ги нарекуваат Кинезите.