Кина може да користи стратешки важни ретки метали, барани од технолошките индустрии, како адут во трговската војна со САД, пишува весникот „South China Morning Post”, цитиран од „TACC”.
Публикацијата обрнува внимание на фактот дека претседателот на Кина, Си Џинпин посети претпријатие за ретки метали во источната провинција Џијангси. Според експерти, посетата праќа сигнал дека Пекинг може да ги искористи ретките метали како адут во трговската војна со САД и исто така ја покажува подготвеноста на властите да ја поддржат оваа индустрија. Кина е најголемиот светски производител на ретки метали. Земјата задоволува до 80% од светската побарувачка на оваа суровина. Оваа група вклучува 17 елементи кои се користат во електрониката, хемијата, автомобилската индустрија, оптиката, воените технологии и многу други полиња.
Минатата година 120.000 тони ретки елементи се извлечени во Кина – околу 71% од светското производство.
Како што забележува весникот, САД намерно ја исклучуваат оваа категорија од стратешки важни стоки од листата на кинескиот извоз, кој ќе биде предмет на зголемени давачки.