Кина негира дека испратила војници во Венецуела за да му помогнат на Мадуро

Официјален Пекинг ги отфрли извештаите дека кинески војници пристигнале во Венецуела заедно со пратката хуманитарна помош.

Пратка од 65 тони кинеска медицинска помош пристигна во Каракас минатиот петок. Ја пречека венецуелскиот потпретседател Тарек ел Аисами, и ја поздрави „важноста и стратегиското ниво” на партнерството меѓу Пекинг и Каракас.
Меѓутоа, непотврдени извештаи тврдат дека биле испратени и над 120 војници на кинеската Народноослободителна армија, а во пратката имало и воена помош за венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Пекинг, меѓутоа, негираше дека испратиле војници во Венецуела. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Генг Шуанг изјави:
„Не знам од каде ви е оваа информација или за која цел е фабрикувана, но можам да ви кажам дека тоа едноставно не е точно”.
„Позицијата на кинеската влада за проблемот со Венецуела е сосема јасен – Кина е против како било надворешно мешање во внатрешните работи на Венецуела, и верува дека венецуелските власт и опозиција треба да најдат политичко решение преку мирен дијалог”, додаде Шуанг.
Тврдењата за кинески војници во Венецуела доаѓаат две недели откако руски воен персонал пристигна во јужноамериканската земја. Контингентот, кој пристигна во Венецуела во рамки на договорот за соработка меѓу Москва и Каракас од 2001 година, веднаш ги вклучи алармите во Вашингтон, пишува Раша тудеј.

Останати вести