Кина предупреди: Нема да дозволиме војна на Корејскиот полуостров

Во изјавата што ја објави кинескиот министер за одбрана Рен Гуокианг се вели дека земјата ќе стори сè што може за да спречи војна на нејзиниот праг.

Кина соопшти дека нема да дозволи војна или хаос на Корејскиот полуостров!
Американските бомбардери и јужнокорејски ловци вршеа вежби на полуостровот со порастот на тензиите по лансирањето проектил преку Јапонија од страна на Северна Кореја.
Во вежбите беа вклучени два Б-1Б стратешки бомбардери способни за нуклеарни напади и два Марин корпс Ф-35Б бомбардери, заедно со јужнокорејските ловци Ф-15К.

Останати вести