Кина го олеснува влезот на странци кои биле вакцинирани со кинески вакцини против коронавирус, откако пред повеќе од една година ги затвори своите граници за меѓународните посетители, заради КОВИД-19.
Бројни кинески амбасади низ целиот свет, вклучително и оние во САД, Велика Британија, Индија, Израел и Филипини, во понеделникот објавија известувања за тоа како странците можат да аплицираат за визи за влез во Кина.
Сепак, упатствата се однесуваат само на оние кои биле целосно вакцинирани со вакцина направена во Кина против COVID-19 и имаат сертификат за докажување.
„Национализмот за вакцини е можност што не може да се исклучи, со оглед на недостаток на друго објаснување”, изјави Чон Ја Јан, професор по политички науки на Националниот универзитет во Сингапур.
Eдноставно е, ако сакате влез во Кина вакцинирајте се со нашата вакцина. – додаде тој.