Уште одамна постои сомневање дека Кина не ги објавува вистинските бројки за жртвите од коронавирусот
Кинеската метропола Вухан го коригираше бројот на смртни случаи од коронавирус за 50% нагоре. Како што соопштија властите во централнокинеската метропола, каде започна пандемијата, како последица од зараза со коронавирус починале уште 1.290 лица повеќе од досега изнесуваните бројки. Со тоа бројот на жртвите од белодробната болест во Вухан порасна на 3.896. Досега се известуваше за 2.579 починати.
Вкупната официјална бројка од 3.342 за цела Кина уште не е официјално коригирана, но би следувало таа да изнесува преку 4.600. Новите податоци ги потврдуваат одамна постојните претпоставки дека во официјалната кинеска статистика не се внесени бројни случаи. За корекцијата од кинеска страна се наведени повеќе причини. На пример, дека на почетокот доста пациенти починале дома.
Во Кина, според официјалните податоци, досега се инфицирани преку 82.000 луѓе, од кои 78.000 веќе оздравеле.
Експертите претпоставуваат дека постојат многу повисоки црни бројки на нерегистрирани случаи.