Кинези купуваат 1% од Австралија за 289 милиони долари

Конзорциум од кинески и австралиски инвеститори постигна договор за купувае на 11 милиони хектари земја во Австралија, од најголемиот приватен земјопоседник “S. Kidman & Co”.

Договорот вреден 289 милиони долари треба да биде одобрен од австралиските регулаторни тела. Минатата година австралиската влада го блокира предлогот поради национални интереси. Главната грижа на владата е поврзаноста на оваа земја со фармата “Anna Creek” каде што се наоѓа полигон за тестирање на воено оружје. Со продажбата на “S. Kidman & Co” на странска компанија може да се создаде безбедносен ризик.
Фармата “S. Kidman & Co” е основана во 1899 година на повеќе од 100.000 квадратни километри и има 185.000 грла стока. Веќе неколку генерации е во сопственост на фамилијата Кидман, од која потекнува и актерката Никол Кидман. Корпорацијата произведува говедско месо кое се извезува во Југоисточна Азија, Јапонија и САД.

Останати вести