Руските систем за противвоздушна одбрана (ПВО) „С-300″ и „С-400″ и американските ловци од петтата генерација „Ф-35″ би можеле за прв пат да се судрат над Сирија, што може да биде погубно по воената репутација на едната страна, проценуваат кинеските воени аналитичари.
После испораката на системите „С-300 фаворит” на Сиријците, израелската авијација се нашла во исклучително неповолна ситуација од онаа во текот на претходните напади.
Влезот на „С-300″ во составот на сириските сили, како и фактот дека Русите во своите бази имаат и помодерен систем „С-400″, се судбоносни за САД.
Кинеските воени аналитичари сметаат дека Русија многу добро го проценила моментот за удар по воената и политичката сфера на САД.
„С-300″ во Сирија најверојатно ќе биде интегриран со системот С-400, што ќе овозможи давање информации на сириската војска за било кој воздушни цели.
Доколку Израел и САД се одлучат да ги уништат „С-300″ системите со помош на авионите „Ф-35″ и „Ф-22″, Русите едноставно ќе ги “осветлат” со своите системи “стелт” целите со што ќе и овозможат на сириската војска да ги собори најмоќните воени авиони на светот.
Тие авиони, кои се видливи дури и со старите советски системи, повеќе нема да бидат потребни и САД ќе изгубат милијарди долари, воена моќ и потенцијални сојузници, наведуваат кинеските воени портали.
Кинеските воени експерти сметаат дека директниот судир на американските авиони „Ф-35″ и руските системи „С-300″ во Сирија може да има неочекуван исход, и едната и другата воена техника да имаат низа предности. Додатен проблем е што модерната американска и руска воена технологија никогаш не се судриле непосредно, туку секогаш со нив управувале туѓи војски или пилоти “доброволци”.
Во Сирија тоа нема да биде случај, бидејќи зад „С-300″ и „С-400″ стојат руски воени експерти и екипаж, со што отвораат голем ризик во случај на непосреден американски или израелски напад.
Тел Авив сега се почесто ја спомнува можност за користењето на своите од САД од пред неколку години добиени авиони „Ф-22″ и „Ф-35″, за кој тврди дека ќе останат незабележани од сирискиот ПВО.
Меѓутоа воениот аналитичар Андреј Кожинов смета дека дошло до промена на рамнотежата на силите меѓу Израел и Сирија и тврди дека Тел Авив од Вашингтон не ги добил „Ф-35″ ловците како средство за борба против системите „С-300″.
Други руски воени експерти предупредуваат дека Израел “ги преценил можностите на „Ф-35″, тврдејќи дека „С-300″ има посебен систем за наведување, поради што тие ќе делуваат едноставно по американските ловци”.