Топ 3 причини почесто да јадете киноа

Една од ретките растителни намирници која ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини. Киноата е една од најпопуларните здрави намирници во светот. Вкусна е, секој може да ја додаде во исхраната и исклучително е хранлива. 

Безглутенска намирница – Причина зошто токму сите можат да ја вклучат оваа намирница во исхраната е тоа што киноата не содржи глутен. Токму поради тоа е одличен избор за лицата со алергија на глутен и целијакија, или пак за лицата кои едноставно сакаат да го намалат внесот на храна која изобилува со глутен.

Богата е со протеини и есенцијални аминокиселини – Киноата е една од ретките билни намирнии која ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини. Тие ги градат протеините, а намирницата која ги содржи сите девет аминокиселини во доволни количини се смета за целосен протеин. Затоа киноата е и повеќе од одличен извор на протеини.

Висок удел на антиоксиданти и минерали – Слободните радикали кои му штетат на нашиот оргнизам можат да бидат виновници за прераното стареење на кожата и предизвикувачи на воспалителни процеси на кожата, а антиоксидантите се токму тие кои ги неутрализираат. Исто така, киноата е богата и со минерали како што се магнезиумот, калиумот, цинкот и железото.

Останати вести