Тенисерот Ник Киројс е полн со самодоверба пред почетокот на Вимблдон сезонава. Кирјос важи за играч кој обожава да игра на тревната подлога, а може да се каже дека во 2014 година дојде на голема сцена, со одличниот триумф над Рафаел Надал во четвртото коло.
Поради сите успеси на оваа подлога, тој верува во успех на Вимбпдон.
„Тоа е одлично, ако ја погледнеме статистиката, и моите претходни резултати, очигледно е дека Вимблдон е турнир на кој имам големи шанси за позначителен успех. Доколку притиснам како што треба, постои шанса да го освојам овој Грен слем”.
Покрај тоа што тој е 18. играч на АТП листата, тој е поставен за 15. носител на турнирот.
Да се биде еден од 16 носители значи дека не може да се вкрстам со некој од подобрите играчи пред четвртата рунда, а тоа е огромна предност и прв пат сум во таква позиција во кариерата. Исклучително е возбудливо”, нагласи Ник Кирјос.