Кирјос и официјално ја доби заслужената суспензија за случајот со Вавринка

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос е суспендиран од тенисот поради навредите кон Станислас Вавринка и неговата девојка Дона Векиќ.

Кирјос, кој е познат по лошиот темперамент на и надвор од теренот, заработи ригорозна казна. Тој ќе мора на АТП да плати парична казна од 20 илјади долари и исто така нема да смее да игра тенис еден месец.
Австралиецот кој има 20 години претходно се извини за својот непримерен гест, но тениската федерација реши да не му прости. По турнирот во Монтреал, Кирјос го нападна Станислас Вавринка и неговата девојка Дона Векиќ, за која кажа дека имала секс-афера со неговиот колега Кокинакис.

Останати вести