Пет најбрзи лекувачи на киселините во желудникот

Непријатност во желудникот, мачнина, подуеност, кисел вкус што пече во устата се најчести симптоми на киселини во желудникот. Киселините во желудникот најчесто ги предизвикува желудочната содржина насобрана во хранопроводот поттикната од зачинета храна, газирани пијалаци и алкохол кои секако треба да се избегнуваат.

Но, зачестената непријатна појава може да се смири и со помош на пет природни лекови од домашната кујна.

Куркума – сè попознатиот зачин со лековити својства го намалува нивото на желудочна киселина, го забрзува поминувањето на храната низ системот за варење и ги спречува киселините. Доволен е прстофат куркума да се додаде во јадењето со што ќе ги избегнете непријатните последици во стомакот по оброкот.

Босилек – еден од најпопуларните зачини изобилува со етерични масло чии лековити својства се познати посебно кај пречките во дигестивниот тракт. Иако е пожелен во свежа форма во јадењата бидејќи ги ублажува киселините, поделотворен е во нивното отстранување како чај.

Чај од босилек: 5 г исушени ливчиња босилек прелијте со 2 дл завриена вода, оставете да отстои околу 10-тина минути, процедете и во текот на денот испијте најмалку две шолји.

Јаболков оцет – само една лажица јаболков природен оцет помешан со 2 дл вода помага кај киселините во желудникот. Имено, оцетот ја разредува желудочната киселина, а витамините и минералите со кои изобилува создаваат алкално опкружување во желудникот и ги елиминираат штетните бактерии. Оцетот разреден во вода се препорачува да се пие во текот на оброците и наутро на празен желудник.

Ким, анис, коморач – најбрзи се ситните производи кои ги неутрализирааат последиците од зачинетата храна. Затоа, доколку сте прекршиле дневна доза на „забранети” производи направете си ладна мешавина од еден литар вода и лажица измешани семки од анис, ким и коморач. Оставете околу еден час напивката да отстои и процедете, зачинетата вода пијте ја веднаш по оброкот и во мали голтки во текот на целиот ден.

Банана – најпопуларниот меѓуоброк и тоа како е пожелен кај борбата со киселините во желудникот. Бананата ќе создаде одбрана против киселините во телото, затоа се препорачува да се изеде кога ќе почувствувате горчина и подуеност.

Останати вести