Ќосески се сретна со министерката МакТирнан

Почесниот конзул на Република Македонија во Западна Австралија Зоран Ќосески се сретна со министерот за регионален развој, земјоделство, храна, вработување и трговија Алана МакТирнан при што разговарале за унапредување на трговско-економските односи меѓу Западна Австралија и Македонија.

Министерката МакТирнан истакнала дека во рамките на својата мултикултурна политика, Владата на Западна Австралија ќе продолжи и во иднина како и досега да ја почитува македонската заедница како и сите други етнички заедници кои живеат во Австралија и да дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти за развој и зачувување на нивниот јазик и идентитет во Австралија.

Останати вести