Поранешната шампионка во УФЦ, Американката Ронда Роуз се уште не може да се опорави од ќотекот што го доби од сонародничката Холи Холм.
Холи со спектакуларен нокаут во Мелбурн по комбинација на удари со нога и рака и го нанесе првиот и најтежок пораз на Роуз, која по оваа борба заврши во болница.
Лекарите на основа на направените испитувања и забранија на Американката да има било каков физички контакт во наредните 60 дена. Не доаѓаат предвид ниту спаринг борбите.
Можно е овој рок да биде продолжен на 180 дена, колку што е максималното време за отсуство од рингот според правилата на УФЦ.
Како што стојат работите, фановите на Роуз ќе треба да го причекаат нејзиното опоравување и враќање во рингот.