Надворешни клима уреди повлечени во цела Австралија

Два модели на надворешни  климатски уреди од компанијата Braemar се повлечени поради опасност од предизвикување пожар.

Моделите на климатските уреди Braemar Seeley International Braemar SCHF21C3S како и Braemar SCHF25C3S Австралиската комисија за пазарна конкуретност и заштита на потрошувачи ги повлече поради недостаток кој би можел да предизвика пожар.

Канцеларијата за борба против пожари на Викторија вели дека „човечки животи и животи на оние кои ги сакаат би можеле да бидат во опасност” доколку продолжат да ги користат споменатите модели на климатските уреди кои се продавани во период од 14 октомври во 2016 година до 28 март 2018 година.

Потрошувачите веднаш треба да престанат да ги користат овие еркондишни и да ја контактираат компанијата Seeley International на број 08 8328 3844 или на имејл: productupgrade@seeleyinternational.com за да договорат доаѓање на сервисен техничар да ги замени неисправните кондензатори на климатските уреди.

Останати вести