Kнига за историските врски меѓу Mакедонците и Eвреите

Неодамна во издание на МНЛД „Григор Прличев” во Сиднеј, а во соработка со Институтот за историја и археологија при Универзитетот „Гоце Делчев”, излезе од печат книга на англиски јазик под наслов „Братските историски врски меѓу Македонците и Евреите во Светата земја и во Македонија” од историчарот м-р Александар Донски. Во книгата се претставени малку познати податоци преземени од антички еврејски извори за животот на античко-македонската колонија во Светата земја, но и за животот на Евреите во Македонија.

 

Според авторот Донски, книгата има за цел да ги запознае највлијателните еврејски субјекти во светот со македонската историја и со денешната состојба во која се наоѓа нашата држава. Повеќе десетици примероци од книгата веќе се испратени на влијателни еврејски субјекти главно во Израел, САД и во Велика Британија од каде што Донски веќе доби извесен број писма со благодарност.

Останати вести