Коалицијата далеку заостанува зад Лабуристите

Коалициската влада се соочува со пораз на следните федерални избори и покрај растот на личниот рејтинг на прајминистерот Скот Морисон, покажуваат резултатите од најновата анкета на Newspoll.

Водство на лабуристите над коалицијата кога станува збор за преференциите на гласачите меѓу овие два блока покажува дека тие не се променети, 53 наспрема 47 отсто, велат резултатите од анкетата. Морисон го задржа своето водство над Бил Шортен како префериран прајминистер со 44 наспрема 35 отсто.

Примарната наклоност на гласачите кон лабуристите порасна за еден поен, на 39 отсто што претставува разлика  од 4.3 % кај гласачите на оваа партија по федералните избори во 2016 година. Поддршката за независните кандидати и помалите партии останува на 10%. Newspoll анкетата ја спроведе на 1.567 гласачи во периодот од 7 до 10 февруари.

Останати вести