Експертите предупредија дека Мелбурн веројатно нема да достигне просечно до пет случаи на коронавирус на ден до следнава недела, но некои ограничувања сепак можат безбедно да се намалат. Просекот сега се наоѓа на 9.5 за Мелбурн и 0.4 за внатрешноста на Викторија.
Постојат 192 активни случаи. Шест од најновите 14 случаи се поврзани со познати епидемии и сложени случаи.
Од нив најмногу се 42 активни случаи во старските домови.
Седумнаесет жители на Викторија се во болница од коронавирус, еден е на интензивна нега и никој повеќе не е на вентилатори за дишење.
Помеѓу заразените има и деветнаесет здравствени работници.
Во внатрешноста на Викторија има само пет активни случаи и сите се во подрачјето на Мичел Шајер. Изминатие две седмици забележани се 10 мистериозни случаи за кои се уште нема објаснување од каде се заразени со коронавирус.
Премиерот Даниел Ендрус предупреди дека државата веројатно нема да ги ублажи ограничувањата како што беше планирано на 19 октомври, бидејќи бројките во Мелбурн не одат доволно брзо во насока потребна за да се стигне прагот од пет случаи на ден.
Но, тој рече дека некои ограничувања сепак ќе бидат ублажени но дека сè уште не се донесени одлуки за тоа кои правила ќе бидат променети.
– Мислам дека е малку веројатно оти следната недела ќе можеме да направиме големи чекори како што се надевавме, рече Ендрјус.