Зошто голем дел од обвинението против Tачи е се уште тајна: Кого штити Судот во Хаг?

Голем дел од обвиненијата против лидерите на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, во врска со специфичните активности, локации и жртви за кои се товарат, сè уште се тајни.

Причините за тајност се наведени во одлуката на судијата на претходна постапка на Специјализираните совети на Косово за потврдување на обвинението, а тие се однесуваат на опасност од нивно влијание врз сведоците и жртвите, опасност дека ќе извршат нови кривични дела и дека ќе продолжат да ја минираат работата на тој суд и да ги попречуваат истрагите и постапките.
Во однос на влијанието и притисокот врз жртвите, сведоците и наводните соучесници, судијата го имал предвид авторитетот на осомничените и нивното влијание на Косово, што, според него, ќе им овозможи да организираат поддршка од приврзаниците.
Судијата смета дека обвинителството покажало дека постојат исклучителни околности, кои го оправдуваат привременото необјавување на идентитетот на сведоците и жртвите, сè додека не се преземат соодветни заштитни мерки.
Како ќе бидат заштитени жртвите и сведоците и колку од нив ќе се појават на суд ќе се знае во наредниот период.
Во случајот против Салих Мустафа, кој беше уапсен на 25 септември и екстрадиран во Хаг, судијата нареди Регистарот да им додели псевдоними со броеви.
Откако беа уапсени на 4 и 5 ноември, на Тачи и на останатите им беше предадено изменето обвинение, кое исто така беше објавено во јавноста, поради што тие и нивните адвокати протестираа при нивното прво појавување пред судијата.
Тоа значи дека Обвинителството за време на откривањето на своите докази, може на одбраната на обвинетиот да не му ги достави материјалите без редакција, доколку смета дека е тоа неопходно.
Редакциите од обвинението се однесуваат на локациите што ги посетиле обвинетите и каде се извршени голем број кривични дела од обвинението, исто така и на имињата на жртвите, но и на нивните изјави или конкретни дејствија.

Останати вести