Скот Морисон со години го чекаше моментот кога ќе биде избран за лидер на Либералната партија и сега конечно дојде тој момент. Тој е 30-от прајминистер на Австралија.
Скот Морисон или ScoMo, како честопати го нарекуваат, положи службена заклетва за прајминистер на Австралија, победувајќи го Peter Dutton на гласањето на Либералната партија со 45 наспрема 40 гласови.
Син на полицаец, Морисон важи за вреден човек и во него има потенцијал за лидер, нешто што одама го забележаа неговите колеги. Како еден од влијателните пратеници во парламентот во 2015 година, во времето пред Малколм Турнбул да го предизвика лидерството на Тони Абот, за Australian Women’s Weekly, изјави: „Ако ги загубиме следните избори, Скот Морисон ќе биде лидер”.
Во последно време Морисон го поддржуваше Турнбул и не изразуваше интерес за позицијата прајминистер, особено по слабите резулати во анкетите на јавното мислење, за сега веќе поранешниот прајминистер. Во април изјави дека нема да ги следи своите амбиции се додека Турнбул е прајминистер, инсистирајќи дека Турнбул е вистинската личност која треба да ја води партијата и тоа не само до следните избори, туку и „понатаму”.
Но, потоа министерот за финансии рече дека „некогаш во иднина”, ако му се даде таква можност, би бил заинтересиран да биде прајминистер.
Морисон конечно дојде по своето кога побара поддршка за промена на лидерството, откога три министри јавно кажаа оти Турбул повеќе ја нема довербата на Либералната партија.
Како протестант, член на црквата Horizon Church (порано Shirelive), Скот Морисон им се допадна на социјално конзервативните гласачи на Либералната партија.
„Мојот личен однос со Исус не е политичко прашање, за мене верата е нешто лично, но нејзините импликации се социјални. Од верата ги црпам вредностите за љубов и љубезност, правдина, работење со сочувство и добрина и признание на нашата заедничка човечност, како и разбирањата на добрината на другите, за да се бориме за праведни можности за сите, за да можеме да го исполниме својот човечки потенцијал и да ги отстраниме сите неправедни препреки кои ни стојат на патот, вклучувајќи го и остранувањето на нивните лични одговорности за сопствената добробит, и да го правам тоа што е праведно, вистинско, да ги почитувам законите, светоста на човечкиот живот и моралниот интегритет на бракот и семејството” – рече тој.
Пораснат во Bronte, предградие на Сиднеј, неговиот татко бил полицаец кој подоцна станал член на општинскиот Совет, а потоа и градоначалник на Waverley. Сопругата ја запознал преку црковни кругови, кога имал само 12 години, а се венчале кога таа наполнила 21 година. Имаат две деца. По завршувањето на студиите работел во индустријата за недвижности и туризам.
Бил член на советот за недвижности на Австралија и Австралиската работна група за туризам, работел и во организацијата Tourisam Australia, а потоа добил место и во Канцеларијата за туризам и спорт во Нов Зеланд. Кога се вратил во Австралија, станал директор на Либералната партија на Нов Јужен Велс во 2000 година, а потоа ја преземал работата раководител на организацијата Tourisam Australia во 2004 година и беше вклучен во контраверзната кампања „Каде си, по ѓаволите?”
Во политиката влегува во 2007 година, победувајќи во изборната единица Cook во округот Shire во Сиднеј, каде пред неколку години се случија расистички нереди во предградието Cronull.
За разлика од неговиот конкурент за прајминистерското место Peter Dutton, го поддржа извинувањето на поранешниот прајминисер Kevin Rudd за украдената генерација, велејќи дека „со гордост” ја поддржува. Беше дел од тимот кој ја разви стратегијата за суверени граници под називот „Сопрете ги бродовите”.
За контраверзија се погрижи во 2011 година кога преиспитувал дали даночните обврзници требаат на група бегалци во Сиднеј да им платат лет за тие да би можеле да присуствуваат на погреб на нивни роднини кои се удавиле во близина на Christmas Island.
Интересно е дека Скот Морисон во својот прв говор повика на поголема потрошувачка за помош на странските земји. Абот во декември 2014 година го преместува Морисон во областа на социјални услуги, иако тој изгледа барал место во одбрамбениот сектор. Но, потоа напредува до министер за финансии, откога Малколм Турнбул го превзема водството.
Иако Скот Морисон јавно го поддржуваше Абот, во текот на промената на водството, постојат шпекулации дека неговото недавање поддршка на поранешниот прајминистер допринесе за неговиот пораз и поради тоа голем број конзервативци се свртеа против него.
Скот Морисон порекува дека склопил договор со Турнбул, но одби да ја прифати понудата на Абот за превземање на позиција која до тогаш ја имаше Џо Хоки како министер за финансии откога сфатил дека Хоки не знаел за овој договор.
Именувањето на Скот Морисон за прајминистер ќе се смета за продолжување на владата на Турнбул. Се зборува оти се кандидирал наместо Турнбул, а не против него.