Коктел во Мелбурн по повод независноста на Македонија

Минаата среда, на 16 септември, во Мелбурн, во Arintji Cafe Bar, се одржа прием по повод денот на независноста на Македонија.

Ова беше и прва ваква прослава организирана од сегашниот персонал на конзулатот.
Уводен говор одржаа претседателот на законодавниот совет на Парламентот на Викторија Брус Аткинсон, додека Естел Паркер од одделот за надворешни работи и трговија на Викторија, амбасадорот Веле Трпевски и конзулката Коруновска исто така пригодно им се обратија на гостите.
Беше забележано и присуството на Бронвин, Халфпени пратеничка за изборната единица Томастаун, поранешниот пратеник во македонското Собрание Мики Додевски со неговата сопруга, др. Сузана Котевска, Дијана Стер­јов­ска, Андон Дончевски, радио водителите Васко и Лидија Ангеловски, Ицо Најдовски, Виолета Јовановска, Јанко и Мара Калинчеви, советникот од Ливерпул Питер Ристевски, Џастин Наумовски, Ацо Димитриевски, отец Љупчо Каревски и о. Јовица Симоновски, претставници од советот на заедницата, сегашни и поранешни: Александар Мојсовски, Зоран и Кети Здравески, Роберт и Анета Трајчевски, Џејсон Камбовски, Весна Јовчевска Пишмановска…

Останати вести