Колку ќе чини играњето со бои на децата од „Шарената револуција“?

„Шарената револуција” најави континуирани протести до 5 јуни
Според досегашните проценки, објавени во некои медиуми, “шарените револуционери” при протестите имаат направено штета од околу $ 300,000.

Толку државата наводно треба да плати за да се санираат објектите и спомениците кои беа обоени.
Првичните пресметки говорат дека врз Министерството за култура е направена штета од околу $ 46,000, УЈП околу $ 8,000, врз Министерството за економија првично пресметана е штета од околу $ 3,500. Штетата, пак, направена врз Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на Рекорд е $ 13,000.
Досега направените пресметки откриваат и дека штетата направена на оградата на мостот „Слобода” е во висина од $ 80,000, а истиот износ државата ќе треба да го плати и за вандализмот врз споменикот на АСНОМ, лавовите поставени на мостот „Гоце Делчев” и останатите спомен обележја.
Се уште се прават пресметки околу вкупната штета врз Порта Македонија, која е и најголема, а не е завршена проценката за штетата ниту за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, плоштадот Македонија и штетите врз фонтаните. Штетата направена врз Порта Македонија само после првиот удар со бои беше околу $ 23,000. Овој износ сега дополнително ќе се зголеми бидејќи Порта Македонија е многу повеќе уништена.

Останати вести