Колку заработуваат претседателите на земјите од регионот

Каква е платата на Иванов во споредба со неговите колеги?
Според последните официјални објавени податоци, најголема месечна плата во регионот има претседателот на Словенија, Борут Пахор. Како што се наведува во неговиот имот доставен до Изборната комисија, неговите месечни примања изнесуваат 3.322 евра (АУ$ 5,226).

Повеќе од 3.000 евра изнесуваат месечната плата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и членовите на Претседателството на БиХ.
Централната изборна комисија на БиХ наведува дека членовите на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, Драган Човиќ и Младен Иваниќ примаат 2.862 ($ 4,502), 2.874 ($ 4,479) односно 3.536 евра ($ 5,562) месечно. Според јавните податоци, претседателот на Србија има три пати помала плата од хрватските и БиХ-соседи. Александар Вучиќ месечно прима 1.083 евра ($ 1,703), што е најмала претседтелска плата во регионот.
Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, месечно заработува нето 2.423 евра ($ 3,812).
Платата на Илир Мета од Албанија е 1.425 евра ($ 2,241), а на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов – 1.250 евра ($ 1,966).
Ако ги споредиме претседателските примања со просечната плата, апсолутни рекордери се членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, кои примаат седум пати повеќе од просекот во таа држава.
Претседателите на Хрватска, Македонија и Словенија примаат три пати поголема плата од просекот во својата земја, додека претседателот на Србија прима два пати повеќе отколку што изнесува просечната плата во Србија.

Останати вести