Kомбе полно со дрога се судри во паркирани полициски возила

Австралиската полиција ја изведе една од најлесните заплени на дрога кога комбе со пакети метамфетамин во вредност од повеќе 200 милиони долари се забил во две полициски патролни возила паркирани пред полициска станица во Сиднеј.

„Тоа беше една од најлесните заплени на дрога што е некогаш изведена во Нов Јужен Велс”, изјави за новинарите портпаролот на полицијата Глин Бејкер.
„Овој човек мора да имал многу лош ден. Да удриш во полициски автомобил со толкава количина на дрога во сопствено возило е нечуено, мислам дека станува збор за сплет на многу лоши околности”, рече тој. Инцидентот се случил во понеделник пред полициската станица Иствуд во северозападниот дел на Сиднеј. Еден час подоцна полицаец го запрел комбето во блиското предградие Рид.
„Во возилото се пронајдени 13 кутии со 273 килограми метамфетамин вредни повеќе од 200 милиони долари”, стои во соопштението на полицијата и се додава дека никој не бил повреден. Возачот (28) на комбето е обвинет за комерцијална дистрибуција на дрога и невнимателно возење.

Останати вести