Медот и лукот како познати лекови во народната медицина со своите моќни својства лечат многу заболувања, па затоа со причина се нарекувани и како природни антибиотици. Медот и лукот би требало да станат дел од вашето секојдневие, затоа што имаат голема моќ да го зајакнат вашиот имунитет.
За овој рецепт потребно е да исечете 2 до 3 чешниња лук и да ги ставите во тегла со мед. Оставете ја смесата да стои сѐ додека состојките не се соединат. Доволно е да консумирате една лажичка од овој лек секој ден, 7 дена по ред, па вашиот организам ќе доживее неверојатна промена. Еве кои придобивки ви ги нуди оваа комбинација.
Го зајакнува имунитетот – Комбинацијата на мед и лук го зајакнува вашиот имунитет и ви помага да се борите против одредени болести, како и да ги спречите заразувањата.
Го штити срцето – Oваа комбинација ги чисти крвните садови од масти и со тоа спречува срцев удар.
Го лекува воспалението на грлото – Медот и лукот имаат благотворно дејство на воспаленијата, па затоа се и добри при уништувањето на инфекциите во грлото.
Помага при дијареја – Со помош на оваа комбинација можете да го зајакнете дигестивниот систем и да ги отстраните инфекциите. На овој начин ќе ги решите и проблемите со дијарејата.
Помага при сува кашлица – Медот и лукот се одлични за сува кашлица. Оваа комбинација го разводнува секретот и го отстранува воспалението. Исто важи и за синусите.
Помага при габични инфекции – Габите може да нападнат различен дел од вашето тело, но оваа мешавина е вистинска антибактериска бомба, која се покажала ефикасна и во овој случај. Најдобро е ова да го користите превентивно, со цел да ги спречите можностите од каква било инфекција.
Врши детоксикација – Комбинацијата од мед и лук е природна детоксикација за вашиот организам. Користејќи го овој лек, вие му давате на организмот втора шанса, затоа што медот и лукот го ослободуваат телото од сите отрови коишто претходно сте ги внеле. Исто така овој природен лек е добар и за стабилизација на холестеролот во крвта, а помага и во борбата со вишокот килограми.