Минатава недела, на 6-ти Мај 2018, во Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија (МПОМВ) се одбележа 115 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев.
Програмата во 11.00 часот ја отвори Џорџ Влахов, а потоа следуваше панихида пред споменикот на Гоце Делчев во дворот крај црквата. Во име на МПОМВ “Св. Ѓорги”, пензионерската група при општината, КУД Светлост, Австралиско Македонскиот Комитет за Човекови Права и социјалното друштво “Скопје” се положија венци пред бистата на Гоце Делчев. После свеченоста, МПОМВ приреди прием за сите присутни во помошните простории на црквата, каде присутните се дружеа до попладневните часови.






