Компанијата, која ги изигра светот

Австралиска компанија одлучи конечно да си признае дека во последните две години објавувала лажни клипови кои брзо стекнувале популарност на интернет, со цел да ги заблудува новинските сајтови и телевизиските канали во светот.

Woolshed се занимава со продукција на филмови и се наоѓа во Мелбурн. Можеби сте виделе барем еден од осумте нивни видеа – во некои од нив мечка брка скијач, ајкула се доближува опасно блиску до пристаништето во Сиднеј, а лавот е подготвен да се одмазди за смртта на својот пријател.
Некои клипови веднаш се препознаени како лажни и многу луѓе изразуваат сомневање во вистинитоста . Токму тоа ги претвора во сензација. Продуцентите го нарекуваат тоа “социјален експеримент”. Од Woolshed тврдат дека имаат повеќе од 205 милиони прегледи во 180 земји и близу 1,6 милиони следбеници на Facebook.
“Си поставивме за цел да разбереме како точно се создаваат кратки форми на високо споделување на содржина која е способна да достигне до глобалната маса, без да има потреба од скапи рекламни кампањи, јавни стратегии и дистрибуција на реклами”, објаснува компанијата.

Останати вести