Владата на Турнбул се залага за промени на законот со кои на властите би им се овозможило пристап и забрана на комуникацијата при зголемената употреба на социјалните медиуми со кои се служат терористичките групи.
Џорџ Брандис, главниот јавен обвинител, побара соработка со производителите на уреди и компании за социјални медиуми,, како што се Apple, Facebook и Google. „Ме загрижуваат сегашните закони, не одат доволно далеку во поставување на обврските во соработка со корпорациите” – вели сенаторот Брандис. Рече дека компаниите стануваат се повеќе свесни за штетите кои би можеле да бидат нанесени врз нивната репутација, ако не биде сосема видливо дека прават се што можат да помогнат во спроведување на законите и како разузнавувачките служби би можеле да спречат терористи да ги користат нивните услуги. Како овие промени да се спроведат во пракса и понатаму е предмет на разговор, но според законот на Австралија, властите треба да издадат „известување за техничка способност” нешто како судски налог. Сенаторот Брандис рече дека ако се гледа низ призмата на човековата слобода, треба овие разговори секако да се сослушаат, но верува оти ставовите, особено меѓу младите, кога станува збор за концептот на приватност се менува.
„Припадниците на генерацијата на Фејсбук, се повеќе и повеќе објавуваат лични податоци, сметам дека постои сосема поинаков став кон приватноста меѓу младите во однос на претходните генерации.” – рече сенаторот.
Пратеникот од редовите на лабурисите, Ед Хусиќ, рече дека луѓето треба поинаку да размислуваат дали станува збор за низа работи кои луѓето ги прави посигурни.
„Треба да се биде умерен, мислам дека јавноста сака и е отворена кон идејата да мора да жртвуваат некои од своите слободи да се заштитат, и ние сме подготвени тоа да го направиме” – рече тој.