Во петокот весела забава во Гранд Нерет Ресепшн во Мелбурн приредија Марјан Коцев и Даниела Темелковска заедно со Дрим Тим. Салата беше целосно распродадена, а за атмосферата да биде уште повесела се погрижи маестрото Сашко Велков со неговата хармоника.
Организаторот Љупчо Јаневски од Мега Ентертеинмент од Перт со овој спој на квалитет донесе вистинска новост.
Исто така честитки и до КУД „Тоше Проески” од Мелбурн за нивната инволвираност во овој успешен концерт.
Покрај настапот во Мелбурн објавуваме и неколку слики од концертите во Волонгонг и Перт за да ја доловиме прекрасната атмосфера во која уживаа гледачите и слушателите ширум Австралија.





