Фантастичен концерт со Ефто Пупиновски и групата ”Милениум”

Во организација на АММД “Никола Карев” минатава сабота во Фераро рецепција во Кемберфилд се одржа концерт на Ефто Пупиновски и групата “Милениум” од Македонија, а како гостин настапи и нашата популарна локална пеачка Вера Трајкоска.

Салата беше исполнета и како посебен шарм беше и настапот на играорните групи на “Никола Карев” од Мелбурн.
Со нетрпение ќе се чека следниот концерт во Мелбурн кој ќе се одржи во петок, на 19 октомври во Емералд рецепција во Томастаун.

Останати вести