Минатава сабота во Хрватскиот клуб во Панчбол се одржа последниот концерт во Сиднеј и салата беше исполнета – да се нема место шкорче да се фрли.
Македонците од Сиднеј уживаа во уште една извонредна вечер со Јордан Митев и Благица Павловска.
Можеа во живо да ги чујат и новите песни „За тебе” и „Роден крај”, кои Јордан Митев специјално ги подготви за својата публика на овие концерти во Австралија.
Концертите продолжуваат оваа сабота во Мелбурн каде нашите фолк ѕвезди ќе настапат во одамна распродадената сала на Емералд рецепција.
Австралиско Македонската младинска организација “Никола Карев” е организатор на овие концерти.

