Колку заработува Британската кралица од коњските трки?

Британската кралица Елизабета II заработила над 6.7 милиони фунти (околу 11.5 милиона австралиски долари) од награди од коњски трки во последните 3 децении. Ова го покажале информации од британските служби за трки, објави Си-Ен-Ен.

Коњите на кралицата имаат освоено 451 победи од 2815 трки од 1988 година, што и носи 15.9% профит.
Минатата година е една од најуспешните за Нејзино Кралско Величество со децении, со приходи од награди во вредност од 557.650 фунти (скоро АУ$ 1 милион).
А 2017 година е исто така е добра, со 20 победи, носејќи и 413.641 фунти (скоро АУ$ 710 илјади) приход досега.
Така 91-годишната кралица се покажува како 11-иот најпрофитабилен сопственик на тркачки коњи во овој 30-годишен период.
Уште кога била 4-годишна кралица добила пони, а од мала ги сака коњите. Елизабет II е одличен јавач, кој често учествува во разни официјални коњски церемонии.

Останати вести