Минатата сабота, во Banyule Theatre Complex се оддржа промоција на збирката поезија ”Kопнеж и Надеж” од реномираниот поет Крсте Наумоски-Мечкар.
Љубителите на убавиот пишан збор вечерта уживаа во богатата програма и можеа да се сретнат со авторот. Програмата започна со видео клип од минатата промоција на Крсте Наумовски и со вториот видео клип во кој се слушна песната за Овчарани во Егејска Македонија, нејзини автори се Крсте Наумовски – текст и Тоде Новачевски –композитор, кои со своето дело ги будат и Најисплашените Македонци да станат, да заиграат а и да си заплачат над својата судбина. Потоа присутните имаа можност да чујат дел од поезијата од втората збирка на Крсте пропратена со песни со негови текстови а во музички аранжман на професорот Тоде Новачевски.
Промоторот, професор Бранко Наумовски, искажа пригодни вредносни зборови за делото “Копнеж и Надеж”.
Водителка на програмата беше шармантната Виолета Јовановска. Во програмата настапија: пеачите Фазли Луик и Климе Ангеловски, младата Шана Јовановска, Марија Коцева.
Свое обраќање имаа конзулката Бети Коруновска, како и Тоде Новачевски, Васко Ангеловски и Миле Георгиев.
На крајот од промоцијата имаше коктел за присутните, и секој можеше да си купи книга со посвета од авторот.









